Словенија издржа во „Стожице“: Македонија се враќа со реми од гостувањето! (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Словенија играше за нијанса подобар фудбал од нашата репрезентација во првото полувреме, па имаше дури седум шанси, од кои беа четири во рамките на голот на Столе Димитриевски, а една од нив ја затресе неговата мрежа.

Домаќините имаа одличен контранапад преку Шпорар, кој одлично ја нафрли топката до Зајц, кој погоди за водство од 1-0.

Во финишот од првите 45 минути, Енис Барди доби одлична топка, по што имаше добра шанса, но неговиот удар заврши над голот на Јан Облак.

Во второто полувреме Барди се искупи за промашувањето, па во 47. минута успеа да ја затресе мрежата на Облак и да го израмни резултатот на 1-1.

Во продолжение од мечот имаше уште неколку шанси на двете страни, но мрежите останаа да мируваат и Македонија го запиша и првото реми во квалификациите.