Алиоски, Барди и Бејтулаи заиграа оро по голот на Македонија! (ВИДЕО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Македонија вчера одигра 1-1 на гостувањето во Словенија на стадионот „Стожице“, иако домаќините имаа предност по првите 45 минути, но во второто полувреме нашата селекција извлече бод во второто коло од квалификациите за Европското првенство во 2020 година.

Енис Барди на стартот на второто полувреме се искупи за големото промашување од првиот дел, па така ги постави конечните 1-1, а во центар на внимание беше потегот по постигнувањето на голот.

По погодокот, Барди, Езгјан Алиоски и Бејтулаи заиграа оро, па ја воодушевија македонската публика на стадионот во Љубљана.

Да потсетиме, Македонија славеше во првиот меч од квалификациите, кој се одигра во Скопје на „Филип Втори“ со 3-1 против Летонија.