Безобразниот Кирјос: Австралиецот се искара со навивач и го „избрка“ од трибини (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Австралискиот тенисер Ник Кирјос го совлада Душан Лајовиќ во третото коло од Мастерсот во Мајами со резултат 2-0, по сетови 6-3 и 6-1 за само 59 минути.

Кирјос беше доминантен, па направи многу атрактивни потези и воодушеви голем дел од публиката, но имаше и такви кои се изнервираа.

Контроверзниот тенисер имаше инцидент со еден навивач од првиот ред, кога Кирјос се скара со него, а обезбедувањето мораше да го исфрли од стадионот.

„Тој ми рече дека сум ку*ва. Си помислив… Дошол на трибина, скапо го платил местото на трибините и очигледно нема друга работа. Го прашав дали има да ми каже уште нешто, по што ме повика да се качам кај него“, раскажа Кирјос.