Дејан Ловрен е голем господин: Со потегот после натпреварот ја воодушеви цела Унгарија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Секоја чест.

Репрезентацијата на Хрватска вчера доживеа неочекуван пораз во гости од Унгарија со резултат од 2:1.

Светските вице-прваци беа големи фаворити на вчерашниот натпревар, но доживеаа пораз кој ја шокираше јавноста во Хрватска. Хрватите имаа предност од 1:0, но на крајот Унгарја го сврти резултатот на 2:1 и освои три бода.

Домашниот селектор во првиот дел од натпреварот мораше да го замени Доминик Нагија поради повреда. Него го повреди Дејан Ловрен, но за изненадување судијата не досуди фаул.

Сепак, Ловрен на крајот од натпреварот покажа дека е голем господин. Дефанзивецот на „Коцкестите“ го бараше Нагија па му го подари својот дрес. Тоа го забележа и фудбалскиот сојуз на Унгарија која објави фотографија на нивната фејсбук страна.