France Football: Реал му нуди богатство на ПСЖ за Мбапе!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кралевите сакаат да го купат Французот.

Килијан Мбапе, талентираниот француски напаѓач е огромна желба на Реал Мадрид!

На никој, па ни на Реал нема да му биде лесно да го купи играчот кој е клучен во тимот на ПСЖ, но Кралевите се спремни да понудат рекорден износ за фантастичниот напаѓач.

Угледниот France Football денеска ексклузивно ја носи приказната за понудата на Реал Мадрид за Мбапе, а таа наводно е дури 280 милиони евра.

Доколку трансферот на лето се реализира, Мбапе ќе стане најплатениот играч на светот, а моментално таа позиција ја држи Нејмар кој е платен 222 милиони евра кога го направи трансферот од Барселона во ПСЖ.

Мбапе ќе биде приказната на летото, а Реал уште сега работи на неговото носење во клубот. Повратокот на Зинедин Зидан во Мадрид означи и нов почеток на креирање на нова ера на Галактикос.

Воедно, со Мбпапе на листата на пожелни трансфери се уште неколку големи играчи, но дефинитивно, Мбапе е прва и главна опција за шпанскиот великан.