ПСЖ е спремен да го пушти Мбапе во Реал Мадрид, но само под еден услов!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Наводно според странските медиуми, ПСЖ сака да се обиде да направи пакт со Реал Мадрид околу донесувањето на одличниот Французин.

Тие Мбапе сакаат да го задржат во својот тим, но знаат дека тоа ќе биде многу тешко бидејќи тој изразил желба за трансфер во Реал.

Како што истакнуваат медиумите во Франција, ПСЖ понудил на Реал да потпишат за Мбапе, но да се откажат од договорите за потенцијални трансфери на Лука Јовиќ и Матијас Де Лигт.

Овие двајца играчи, кои настапуваат за Ајнтрахт и Ајакс, наредното лето сигурно ќе направат големи трансфери, и заради тоа тимот на ПСЖ сака да ги доведе во својот тим.