Англија губеше од Црна Гора па потоа испука петарда во нивната мрежа (Видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Вечерва беа одиграни последните репрезентативни натпревари од квалификациите за Европското првенство во 2020 година.

Селекцијата на Црна Гора против Англија во Подгорица можеше да се надева на чудо кога поведе со 1:0, но на крајот Англичаните постигнаа пет погодоци во нивната мрежа и сосема заслужено ја однесоа победата.

Франција исто така имаше убедлив настап  против селекцијата на Исланд победувајќи со 4:0.  Стрелци на головите за „Триколорите“ беа Умтити, Жиру, Мбапе и Гризман.


Украина во последните секунди избегна голем срам и стигна до победа против Луксембург со 2:1.

Во Лисабон Португалија и Србија ги поделија бодовите ремизирајќи 1:1, а натпреварот го обележа повредата на Роналдо кој мораше да го напушти теренот по 30 минути од натпреварот.