„Л’Екип“: Мурињо се сели во Франција, но не во Париз?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Жозе Мурињо и понатаму ги разгледува понудите кои ги има, па бара амбициозен проект и точно знае што сака за неговата иднина.

Наводно, Мурињо имал четири понуда, една се знае дека е од Бенфика, а наводно останатите се од Рома и Интер.

Се споменуваше и Баерн Минхен, но Мурињо сигурно ќе биде поврзуван со сите големи тимови. Се шпекулираше и дека Мурињо би можел да се пресели во Париз, но засега тоа не е сигурно.

Според некои информации, се споменува тренерската позиција во Монако, каде што неговиот агент Хорхе Мендеш преговара, а очигледно и Лил е во конкуренција, доколку игра во Лигата на шампиони.

Леонардо Жардим го врати Монако во сигурната зона, но тој чека понуда од Англија, па Мурињо би бил идеална замена за новиот проект, каде што би можел да работи мирно и без притисок.

Се споменуваше и Лион, кој долго време го предводи Бруно Женесио, легендата на клубот, тие имаат одличен тим и очекуваат подобар пласман од третото место во шампионатот.