Пјаниќ во Реал, Крос во Јувентус?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Иако засега се работи само на идејата, не е исклучена можноста за време на летниот период Реал и Јувентус да направат замена на играчи од која би требало да профитираат и двата фудбалски великани. Како главни актери се спомнуваат Мирaлем Пјаниќ и Тони Крос.

Заинтеренсираноста на Кралевите за босанскиот репрезентативец трае повеќе време, а поинтензивно се работи на тоа после повратокот на Зинедин Зидан. Одличниот тренер сака да ја освежи екипата, а една од поголемите желби на Зидан е носењето на босанскиот репрезентативец во тимот на Кралевите.

Пјаниќ во Јувентус годишно заработува 6.5 милиони евра, а Крос во Реал дупло повеќе. ТутоСпорт пишува дека токму тоа е главната причина зошто преговорите сеуште не се започнати.

Спортскиот директнор на Јувентус, Фабио Партичи веќе почна да прави економски и технички процени кога е во прашање оваа замена.

Крос веќе долго време е мета на Старата дама која проба да го доведе летото во 2017 година, но тогаш Флорентино Перез го стопираше тој процес. Две години подоцна, можно е ситуацијата да се промени.

Сепак, во сево ова се прашува и Пјаниќ чиј договор со Јувентус трае до 2023 година. Овој 29 годишен везен играч е во животна форма и тешко е да се верува дека Масимилијано Алегри туку така ќе се откаже.