Манчестер Јунајтед пушти нозе кон главната мета на Реал Мадрид: Кој ќе победи во тесната битка за потписот на најбараниот дефанзивец…?!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид има големи планови за претстојното лето.

Веќе на големо се шпекулира за новиот клуб под водство на Зинедин Зидан, а еден од нив би требало да биде и Калиду Кулибали.

Меѓутоа, сега во трката се вмеша и Манчестер Јунајтед кој сака да го обезбеди потписот на фудбалерот на Наполи.

Сенегалецот како што се наведува има откупна клаузула во износ од 150 милиони евра која важи само за екипите надвор од Италија, тоа би било апсолутен светски рекорд кога е во прашање еден дефанзивец, но нема сомнеж дека и Јунајтед и Реал имаат доволно средства за вакво купување.

„Црвените ѓаволи“ имаат потреба од засилување во одбраната, имаат најлоша одбрана од седумте најголеми екипи на Островот оваа сезона, а како решение се споменува и Рафаел Варан, фудбалерот на Реал.

Аурелио Де Лаурентис дефинитивно знае како да продаде играч за голема сума и ќе настојува да извлече што повеќе од европските великани.

Можеби дури и цели 150 милиони евра.