Бугарски боксер бакна новинарка, па ќе си доби казна! (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Спортската комисија на Калифорнија побара да му се одземе лиценцата на бугарскиот боксер Кубрат Пулев, откако насилна бакнал репортерка во текот на изјавата, која ја давал по завршувањето на мечот со Богдан Дин.

Пулев ја бакна новинарката Џенифер Равало во усни по завршувањето на разговорот, а потоа кажа дека тоа бил пријателски бакнеж. А, исто така кажа дека новинарката им се приклучила на прославата по мечот, но тоа го демантираше девојката, која реши да почне приватна тужба.

На тоа реагираше и спортската комисија на Калифорнија, која вели дека тоа е голем прекршок и дека треба да се разбере сериозно. А, Равало кажа дека се чувствувала посрамотено по средбата со боксерот Пулев.

„Бев посрамотена и шокирана. Не знаев како да одговарам. Потоа ме фати за задникот и не кажа ништо, туку само се насмеа“, вели Равало.