Вардар уште еднаш поуспешен од Загреб, „црвено црните“ шести пат по ред во најдобрите шест во Европа


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Екипата на Вардар победи и на вториот натпревар против ППД Загреб во рамките од осминафиналето од Лигата на шампионите.

Избраниците на Роберто Гарсија Парондо со 32:30 славеа против гостинот од Хрватска и со убедлив настап во двата натпревари се пласираше во четвртфиналето .

Ова е вкупно шеста сезона по ред како Вардар се пласира меѓу осумте најдобри тимови на Стариот континент.

Најпрецизен кај вардарци беше Иван Чупиќ со девет погодоци, додека по три постигнаа Дибиров, Калараш и Карачиќ. На голот солиден настап имаше Калифа Гедбан со осум одбрани.