Јапонците се подготвуваат за ОИ со робот-кошаркар за тројки! (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Јапонците сериозно се подготвуваат за кошаркарскиот турнир на Олимписките игри (ОИ), кои наредната година ќе се одржат во нивната земја.

По тој повод тие подготвија интересно натпреварување во кое двајца професионални кошаркари се соочија со робот.

Роботот е програмиран од страна на Тојота, а научен е да шутира само тројки. Неговото име е „Кју3“, висок 207 см и претставува напредна верзија на моделот од 2017 година.

Тројките ги шутира со помош на мотор вграден во неговите зглобови на рацете и нозете, а имаше резултат од пет погодени тројки од осум удари.

Ова натпреварување беше одржано во рамки на промоцијата на јапонската кошаркар, која за светската јавност е непозната, а наредната година ќе има шанса да се докаже на големата сцена.