Михаел може да биде горд: Синот на Шумахер побрз од Хамилтон (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Мик, синот на Михаел Шумахер го имаше вториот најбрз круг, откако на врвот беше Макс Ферстапен, додека Норис заврши трет за Мекларен.

Ферстапен беше најбрз, додека Шумахер имаше одлично деби во болидот на Ферари, па заврши втор на тестовите во Бахреин.

Ферстапен имаше време од 1.29.379 во последните 10 минути од тестовите, кои беа одложени најпрво поради четиричасовниот дожд во попладнето.

Луис Хамилтон имаше најмногу кругови за Мерцедес, но неговиот најбрз круг изнесуваше 1.31.156, па имаше шесто време во денот.

Враќање во болидот имаше и Фернандо Алонсо, кој имаше 11 време за Мекларен. Додека Џорџ Расел беше најбавен во болидот на Вилијамс.