„Знам зошто Мекгрегор замина во пензија, тој се однесува како љубоморна жена“ (ФОТО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Конор Мекгрегор минатата недела реши да се пензионира и многумина го кажаа своето мислење за таа одлука, а последен се огласи и Хабиб Нурмагомедов.

Хабиб вели дека неодамна зборувал пред студентите на московскиот универзитет за одлуката на Мекгрегор.

„Утре ќе рече дека се враќа и сите медиуми ќе пишуваат за тоа. Тоа го посакуваше тој. Не успеа да постигне договор со УФЦ и сега сака да игра на своја карта. Конор се однесува како љубоморна жена, која цело време вели дека заминува, но потоа се враќа“, објаснува Нурмагомедов.

Претседателот на УФЦ, Дена Вајт исто така не верува дека Мекгрегор заминал во пензија. Вајт во Лас Вегас го кажа своето мислење.

„Не, мислам дека постојат некои работи кои Конор ги сака и мислам дека сака да се сретнеме лице во лице, тој и јас. Најверојатно тоа ќе го решиме во наредните недели“, објасни Нурмагомедов.