Непријатни вести за Хрватска: Лука Циндриќ ја заврши сезоната поради повреда!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешниот ракометар на Вардар, Лука Циндриќ ќе паузира долго време затоа што заработил сериозна повреда, а тоа го потврди Игор Вори, кој е директор во хрватската репрезентација.

Вори вели дека Циндриќ ќе мора да паузира одреден период, а не откри колку време нема да можат да сметаат Хрватска и Кјелце на неговите услуги.

„Лоши вести за Хрватска. Лука се повреди и го очекува долга пауза“, кажал Вори.

Ракометарот на Кјелце имаше повреда и на Светското првенство во Германија и Данска, поради што мораше да паузира речиси еден месец.

Да потсетиме, Хрватска ќе игра против Србија во квалификациите за Европското првенство, а првиот меч се игра во среда од 18 часот.