Лудило во НБА: Дончиќ посрамоти противник, па му додаде на соиграч, а тој промаши шут за победа! (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Далас маверикс на домашен терен не успеа да ја победи Минесота (108-110), а словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ имаше одличен настап за својата екипа, па постигна 27 поени, 12 скокови и шест асистенции.

На една минута до крајот при резултат 106-106 Далас промаши шут за три поени, а потоа Тунас донесе предност за Минесота. Меѓутоа, на крајот на мечот Дончиќ имаше шанса за победа.

Со фантастични потези го посрамоти противникот, а потоа му ја додаде топката на соиграчот, кој промаши шут за три поени.

Далас ги пропушти шансите за плејоф во НБА-лигата, па Дончиќ во дебитантската сезона нема да може да заигра во завршницата.