Колкава е вредноста на Џеко?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Италијанскиот медиум Tuttomercato пишува за тоа како односот помеѓу Џеко и раководството на клубот „изладува“ и дека капитенот на босанската репрезентација е на листата од играчи кои се на продажба уште на самиот старт на оваа сезона.

Рома, вредноста на својата „деветка“ ја проценува на 25 милиони евра, а поради годините на Џеко(33) не можат да се надеваат на поголем износ. Во италијанската престолнина пристигнаа и првите понуди од Вест Хем и Њукасл Јунајтед, кои понудија по 10 милиони евра, што е помалку од очекувањата на Рома.

Се спомнува и за интересот на Интер. Заминувањето во клубот од Милано претставува едно од решенијата бидејќи платата на Џеко од 4.5 милиони евра е приближна на онаа која ја зема Мауро Икарди кој би требало да го напушти Интер.

Постои двоумење околу улогата на Џеко на Џузепе Меаца, дилемата е дали Един би бил прв шпиц или партнер на Мартинез.

Договорот на Џеко со Рома истекува на лето во 2020 година. Преговори за продолжување на соработката за сега нема, што на некој начин ги открива намерите на римскиот клуб.