Еуорфарм Работник го „здрви“ Металург и го натера Брестовац да си поднесе оставка


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Екипата на Еурофарм Работник неочекувано лесно го победи тимот на Металург со високи 32:25 среде Автокоманда.

Натпреварот започна израмнето, а кон средината на првиот дел гостите од Битола ја презедоа иницијативата и почнаа да ја „билдаат“ разликата. Сепак, на полувреме се замина само со еден гол предност за тимот на Еурофарм.

Стартот на вториот дел припадна комплетно на „фармацевтите“ кои многу бргу стигнаа до 19:15. Потоа домаќинот се обиде да се врати во игра, но не успеа затоа што Еурофарм уште повеќе додаде на гаста и успеа да извојува голема победа во Автокоманда.

Најефикасен кај Еурофарм беше Филип Кузмановски со осум постигнати погодоци, додека Ѓукиќ постигна седум голови. Кај Металург предводник беше Танкоски со седум голови, додека Мартин Серафимов постигна пет.

Овој пораз уште во второто коло од плеј-офот значеше и крај на клупата на селекторот на репрезентацијата на Македонија, Данило Брестовац кој си поднесе неотповиклива оставка.