За малку беше избегната катастрофа: Страшен пад во НБА-лигата (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Синоќа беа одиграни неколку натпревари во НБА-лигата, а Сакраменто кингс на домашен терен го совлада Кливленд кавалирс со 117-104.

Сепак, победата ќе останеше во сенка, зашто за малку беше избегната катастрофа, откако Кори Бруер ги исплаши сите во салата на Сакраменто.

Ветеранот во редовите на домашниот тим пресече едно додавање и тргна кон кошот на Кливленд. Тој успеа да забие, но по забивањето ја загуби рамнотежата и падна.

Неговиот пад изгледаше ужасно, а соиграчите и противниците беа сигурни дека се повредил, но искусниот кошаркар без последици стана на нозе и го продолжи мечот, па навивачите можеа да здивнат, откако видоа дека Кори е во ред.