За Лука Јовиќ нема место во Барселона: Што се случи оддеднаш…?!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Лука Јовиќ на крајот нема да замине во Барселона.

Поточно, Каталонците се откажаа, па освен стоперот Де Лихт, ќе се обидат да го донесат и Антоан Гризман, кој ги „изневери“ изминатото лето и потпиша нов договор со Атлетико.

Клаузулата е 120 милиони, Барселона веројатно ќе го продаде Кутињо за да има пари за уште две големи засилувања, покрај Де Јонг кјо веќе пристигна во клубот, односно потпиша.

Што се случи со Јович?

Проценката е дека Гризман е играч кој претставува помал ризик, може да игра на повеќе позиции во нападот, Јовиќ е класичен напаѓач, но Французинот може да го сочинува триото кога Саурез е во тимот.

Она што е проблем е цената на Јовиќ, по влегувањето на ПСЖ, Баерн, Реал во трката порасна. Ајнтархт ќќе го откупи неговиот договор за 12 милиони, но цената повеќе не е 60, туку 10 милиони повеќе.

Во Барселона и покрај тоа што најмалку 15 пати го следеа Јовиќ проценуваат дека тоа е премногу и дека претставува голем ризик, односно дека Гризман е проверено купување.

Тие бараат и лев бек, но него нема да го платат, целат кон слободниот играч Морено од Ливерпул ли Луис Фелипе од Атлетико, кои би биле замена за Алба.

Да кажеме и дека Јовиќ секако нема да остане без понуда, а останува да се види кој во јуни ќе затропа на вратата на германскиот клуб.