Не постои невозможно за Дончиќ: Словенецот погодува и од својата клупа! (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ако некој е пријатно изненадување во НБА-лигата сезонава, тогаш тоа дефинитивно е Лука Дончиќ во дресот на Далас маверикс, кој ја игра дебитантската сезона во најсилната кошаркарска лига во светот и секојдневно ги воодушевува навивачите.

Словенецот е еден од кандидатите за титулата на дебитант на сезоната откако урна неколку рекорди во својата прва сезона во лигата, а неговиот најнов потег во НБА-лигата ги остави фановите без зборови.

Дончиќ може да постигне кош буквално од секој агол од теренот, очигледно, но на социјалните мрежи се појави едно видео на кое може да се забележи како словенечкиот кошаркар погодува од седечка позиција на далечина од 10 метри.