Шпанија во транс: Гризман се договорил – го напушта Атлетико Мадрид!? (ВИДЕО)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Еден од најдобрите фудбалери на Атлетико Мадрид, но и Ла Лига, наводно, се согласил на заминување од Мадрид.

Шпанските медиумите пишуваат дека Гризман се согласил на трансфер во Барселона и од лето ќе стане нивни фудбалер.

Иако од каталонскиот тим потврдија дека не го сакаат Гризман, зашто ги одби минатото лето, сепак тоа не е вистина.

„Можам да ви кажам дека Гризман веќе прифати понуда на Барселона. Не е време за да биде официјално, но ќе видите дека ќе стане нивни фудбалер“, кажа еден новинар.

Атлетико го купи Гризман за 30 милиони евра, а тој за клубот од Мадрид одиргра 250 натпревари и постигна 131 гол.