Робен не се враќа во Холандија: Од следната сезона ќе биде дел од МЛС лигата, а денес е познато и името на новиот клуб…


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Германските медиуми пред неколку дена објавија дека Арјен Робен на крајот од сезоната нема да се врати во Холандија, туку кариерата ќе ја продолжи во САД.

Робен објави пред неколку месеци дека на крајот од оваа сезона ќе го напушти Баерн како слободен играч, бидејќи договорот му истекува.

На почетокот се шпекулираше дека ќе се врати во Холандија и таму ќе ја заврши кариерата, но од тоа се уште нема ништо. Холанѓанецот на лето ќе замине во МЛС каде ќе одигра барем една сезона.

Медиумите во Германија објавија дека веќе неколку дена се знае дека Робен оди во САД, но дека не било познато името на клубот. Но, денес и таа мистерија е решена, бидејќи е потврдено дека се работи за Торонто.

Тие веќе разговарале за пристигнувањето на Робен, и како што се наведува веќе е договорено, со оглед на тоа дека Робен ги прифатил сите услови кои ги нуди Торонто.