Хјустон урна рекорд: Харден и соиграчите постигнаа 27 тројки против Феникс (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кошаркарите на Хјустон рокетс го запишаа шестиот триумф по ред во НБА-лигата, откако на домашен паркет го совлада Феникс санс со убедливи 149-113.

Натпреварот во Тексас ќе остане запаметен во историјата, зашто беше урнат рекордот во лигата кога станува збор за постигнати тројки на еден меч, со оглед на тоа дека домаќините погодија дури 27 пати.

Интересно е тоа што и досегашниот рекорд го држеше Хјустон со 26 успешни обиди за три поени.

Најдобар во триумфот беше Џејмс Харден, кој постигна 30 поени, 13 скокови и девет асистенции.

Резултати:

Мемфис – Далас 127-129
Милвоки – Атланта 115-107
Бостон – Орландо 108-116
Њујорк – Вашингтон 113-110
Голден Стејт – Лос Анџелес Клиперс 131-104
Портланд – Денвер 115-108
Сакраменто – Њу Орлеанс 129-133
Лос Анџелес Лејкерс – Јута 113-109