МекГрегор повторно центар на нов СКАНДАЛ: Нокаутирал гостин во кафуле во Даблин…


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ирскиот борец, Конор МекГрегор повторно се најде во центарот на скандал, а овојпат тоа се случи во Даблин.

МекГрегор престојува во Ирска овие денови, но повторно не можеше без скандал. Имено, ирската полиција покрена истрага поради тепачка во еден од кафулињата која како што се наведува ја предизвикал МекГрегор.

Сведоците изјавиле дека МекГрегор во кафулето бил со своите пријатели, и дека предизвикал тепачка во раните утрински часови. Како што се наведува, тој нокаутирал еден од гостите откако имале вербална расправија.

Потоа го напуштиле овој локал, но човекот кој е нападнат одлучил да повика полиција и да го пријави МекГрегор. Конор како што се наведува ја предизвикал расправијата, а потоа го нокаутирал човекот кој му се спротивставил.