Јоветиќ постигна гол, па почна да плаче и падна на колена пред камерата (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Црногорскиот репрезентативец Стеван Јоветиќ беше херојот на Монако на гостувањето во Генгам, каде што тимот на „кнезовите“ освои бод во 93. минута.

Јоветиќ одлично реагираше во казнениот простор при една мешаница, а штом ја затресе мрежата го совладаа емоциите.

Тој го прослави голот така што го крена дресот под кој се наоѓаше маичка со ликот на неговиот неодамна починат татко.

Во текот на емотивната трка кон камерата, Јоветиќ во еден момент ги избриша солзите, по што клекна пред камерата и ја фати со рацете.

„Прегратка која повеќе ја нема и која ќе ми недостига. Ти благодарам за безусловната љубов и поддршка. Ти благодарам што беше тука за мене во добрите и лоши времиња. Ме водеше низ вистинскиот пат, ме научи на вистинските вредности и ме направи човек. Те сакам“, порача Јоветиќ.