Владата донесе конечна одлука: Стадионот „Филип Втори“ е преименуван во Национална Арена „Тоше Проески“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Стадионот во Скопје, „Филип Втори“, односно Телеком Арената од денеска има ново име. Како што се најавуваше, стадионот го доби името Национална арена „Тоше Проески“.

Утринава информацијата ја потврди портпаролот на Владата на Република Македонија, Миле Бошњаковски. Тој соопшти дека на седницата на Владата донеле одлука за преименување на стадионот во Национална Арена „Тоше Проески“, во често на пејачот кој остави голем белег во македонската историја

„Утрово на редовната 129 седница на Владата донесовме одлука за преименување на стадионот во Националната Арена Тоше Проески, во чест на личноста која остави траен белег на македонската и регионалната современа историја“, напиша портпаролот Бошњаковски.