Македонскиот ракометар се враќа во Катар?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ракометарот, Наумче Мојсоски е на чекор да го реши прашањето за својата иднина.

Следната сезона најверојатно ќе се врати во Катар, во Лахвија.

Договор е постигнат, но уште нема Мојсоски ставено потпис, а македонскиот интернационалец изјави дека е завршена работата.

„Да, се враќам во Катар, во клубот каде што играв кога заминав од  Металург. Договорен е 1-годишен договор, но го немам потпишано“, изјави Мојсоски.

Пред две сезони Мојсоски во Лахвија играше заедно со Ренато Вугринец, но во Катар ќе игра со поранешен соиграч од Металург.

Мојсоски во Лахвија ќе игра заедно со Исам Теж и поранешниот соиграч од Металург, Дарко Станиќ.

Македонскиот ракометар минатата сезона ја помина во романскиот ЧСМ Букурешт.