Парижаните загризаа подлабокот: „Старата дама“ исклучително претпазлива…?!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


ПСЖ ја пропушти првата меч-топка за потврда на доминацијата во Лига 1, бидејќи Стразбур ги изненади и им сезе бод во Париз.

Следната шанса е веќе во следното коло кога гостуваат кај второпласираниот Лил, за Парижаните ова е можеби и поголем мотив да го подигнат трофејот на теренот на вицешампионот во Лига 1.

Меѓутоа, секако дека доминацијата во националниот шампионат не ги задоволува, сезоната се заврши во оној момент кога беа елиминирани од страна на Манчестер Јунајтед во Лигата на шампионите.

Парижаните и тоа како сакаат успех во елитното натпреварување, и се враќаат на старата мета – фудбалерот на Јувентус, Алекс Сандро.

Бразилецот на „Алијанц Арена“ е од 2015. година, иако секој летен преоден рок го испраќаат надвор на Апенините.

АС пишува дека Французите ќе почнат со понуда од 50 милиони евра за услугите на 27-годишниот лев бек, па останува да се види како Паратичи и Анјели ќе реагираат на ова.

Позицијата на Бразилецот повеќе не е толку сигурна, земјаќи го предвид враќањето на Спинаколо, и претставата на Италијанецот против Атлетико Мадрид, вистинското прашање е кој ќе истрча во првата постава на „Јохан Кројф“ арената во првиот меч од четвртфиналето од Лигата на шампионите.