Најголемиот пресврт во историјата: Водеше со 6-0, 5-0 и 40-30, но го загуби мечот!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Неверојатна ситуација се случи на ИТФ-турнирот во Сандерленд во вторникот и тоа во првото коло меѓу Тара Мур и Џесика Покет.

Французинката Покет, која во моментов е 201. тенисерка во светот имаше предност со неверојатни 6-0, 5-0 и 40-30, па имаше и меч топка, но успеа да го загуби веќе „добиениот“ меч.

Мур, 26-годишната тенисерка и 479. натпреварувачка во светот, направи еден од најголемите пресврти во историјата на спортот. Таа спаси меч топка, па се избори за тај-брејк, кој го доби со 7-5, а потоа славеше со 6-3 и се пласираше во второто коло.

Инаку, Мур е родена во Хонг Конг, а игра за Англија. Во досегашната кариера освои десет ИТФ-трофеи, а на грен-слемовите најдобар резултат имаше во второто коло од Вимблдон. Додека, нејзин најдобар пласман бил 145. место на ВТА-листата.