Деби од соништата за Брестовац: голема победа за Македонија на гостувањето кај Исланд


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Данило Брестовац со голема победа дебитираше на клупата на репрезентацијата на Македонија откако ја совладавме селекцијата на Исланд во Рејкјавик со 34:33.

Натпреварот како што се очекуваше беше неизвесен од почетокот, па се до самиот крај. Единствено Исланд имаше блага предност која се движеше до четири голови само во првиот дел на првото полувреме.

На пауза се замина во егал (17:17), а и второто полувреме речиси целото се играше гол за гол, па и Исланд и Македонија по само еднаш дојдоа до предност од два погодоци.

Победата ја донесе Дејан Манасков со звукот на сирената. Ракометарот на Веспрем шутираше пенал, но противничкиот голман успеа да му го одбрани. Сепак, среќата ни се насмевна, топката се врати до Манасков кој од втор пат не погреши.

Ова е втора победа за Македонија која не донесе многу блиску до пласман на следното Европско првенство.