Двоец од Рома од лето во дресот на Јувентус?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Тимот на Макс Алегри сигурно ќе биде засилен во летниот преоден рок, а дури двајца фудбалери на Рома би можеле кариерата да ја продолжат во великанот од Торино.

Италијанските медиуми тврдат дена Старата дама е спремна во своите редови да го доведе младиот играч за врска Заниола и грчкиот дефанзивец Манолас.

Заниоло е навивач на Јуве. Не го крие тоа дека сака да заигра за Бјанконерите, а тоа би можело многу брзо да се случи, бидејќи Јувентус спремиле понуда од 30 милиони евра за него.

Сепак, раководството на Волчицата бара повеќе пари. Спремни се да го пуштат Заниоло но за 10 милиони повеќе, па ќе видиме дали талентираниот играч ќе заврши во редовите на Јуве.

По неговиот пат може да тргне и грчкиот дефанзивец Костас Манолас. Одличниот 28 годишен фудбалер од порано се поврзува со многу великани и се чини дека дојде времето да си оди.

Дека до трансфер може да дојде говори самиот факт што агент му е Мино Раиола, менаџер кој е многу близок и со Јуве, па двоецот на Рома би можел да заврши во редовите на Бјанконерите.

За сега прашање е само цената. Двајцата фудбалери би можеше да чинат 80 милиони евра, што е сосема добра сума, затоа што се работи за квалитетни засилувања.