Инцидент во Минхен: Се степаа ѕвездите на Баерн!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Атмосферата во Баерн Минхен сезонава не е како во претходните години. Хасан Салихамиџиќ и Нико Ковач во текот на цела календарска година имаат многу проблеми за да ги смират страстите меѓу своите ѕвезди.

На тоа во прилог им одат случувањата од денешниот тренинг, каде што фудбалерите на Баерн физички се пресметале, а во главна улога биле Кингсли Коман и Роберт Левандовски.

Германските медиуми пишуваат дека двајцата фудбалери си размениле неколку тешки зборови, а потоа почнале да се туркаат, по што останатите соиграчи требало да ги разделуваат.

Баерн во минатото коло со 5-0 го декласираше тимот на Борусија Дортмунд, па по долго време се врати на првата позиција во Бундеслигата.