Арсенал поуспешен од Наполи во првиот четвртфинален натпревар, Челси се мачеше во Чешка


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Екипата на Арсенал забележа победа од 2:0 во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на Европа против Наполи.
Во дербито на колото „топчиите“ одиграа одлично на домашен терен и сосема заслужено ја однесоа победата. Стрелци на головите за Арсенал беа Ремзи и Тореира уште во првиот дел од натпреварот.

Вториот англиски претставник во Лига Европа, Челси се изнамачи на гостувањето во Прага кај Славија. Избраниците на Маурицио Сари славеа со минимални 1:0, а единствениот погодок падна во 86. минута кога Маркос Алонсо го надмудри противничкиот голман.

Одличен натпревар исполнет со шест погодоци одиграа Бенфика и Ајнтрахт Франкфурт во кој победи домашниот тим со 4:2. Своја вечер имаше младиот Феликс кој постигна хет-трик, додека еден погодок беше дело на Диаз. За гостите од Германија стрелци беа Лука Јовиќ и Пациенца. И покрај негативата од два гола, се уште ништо не е решено па ќе гледаме возбудлив натпревар во Франкфурт.

Важна победа забележа Валенсија која со 3:1 славеше на гостувањето кај Вилјареал и со тоа веќе со една нога е во полуфиналната фаза од второто по ранг натпреварување во Европа.