Дивац доби нов договор, па веднаш го отпушти тренерот на Сакраменто!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Генералниот менаџер на Сакраменто кингс, Владе Дивац и раководството на тимот се договорија Србинот да остане до крајот на 2022/23 година, а само неколку часа подоцна тој му даде отказ на тренерот Дејв Јегер.

Поранешниот кошаркар на Сакраменто, Лос Анџелес лејкерс и Шарлот во тимот работи од 2015 година, а во претходните денови доби само добри вести.

Најпрво беше прогласен за член на „Куќата на славните“, а потоа реши да го продолжи договорот, па ќе работи на засилување на екипата, која сезонава ги надмина сите очекувања.

Дивац заедно со тренерот Јегер во 2017 година го продолжи договорот до 2020 година, но сега решија да се разделат и покрај добрата сезона.