Ковач: Да имаше тепачка, но преживеавме…


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тренерот на Баерн, Нико Ковач потврди дека дошло до тепачка на тренингот на германскиот шампион.

Роберт Левандовски и Кингсли Коман во четвртокот имале физичка пресметка на тренингот на Баварците. Прво се навредувале, а птооа имало и пресметка.

„Ние тројца по тренингот разговаравме за се. Обајцата се извинија и им е жал“, истакна Ковач.

„Се извинија, нема што повеќе да се додаде… Нема да ги санкционирам, дечките се разумни, тоа сега е зад нас и најпозитивно може да се каже: преживеавме“, додаде Ковач.

Баерн во последниот меч изминатата сабота убедливо славеше над Борусија Дортмунд со 5:0 и го презеде лидерското место на табелата.