„Билд“ откри зошто се степале Левандовски и Коман на тренингот на Баерн


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Роберт Левандовски и Кингсли Коман се во центар на внимание, откако пред неколку дена се степаа на тренингот на Баерн Минхен.

Веста ги шокираше навивачите на германскиот клуб и веруваа дека станува збор за лажни информации, но очигледно не беа во право.

Тренерот на клубот, Нико Ковач вчера потврди дека Левандовски и Коман се степале, а исто така беше објавено дека Полјакот лесно ги губи нервите, зашто младиот фудбалер не ги разбира сериозно тренинзите, па решил да му одржи предавање.

Левандовски потоа и физички го нападнал Коман, но соиграчите реагирале навреме и го запреле тоа.

Германски „Билд“ откри дека Левандовски долго време бил лут поради Коман поради начинот на игра на натпреварите, како и на тренинзите.