Оригинална порака од навивачите на Звезда до УЕФА


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Навивачите на Црвена Звезда, „Делии„ веќе некое време порачуваат дека УЕФА е мафија, и поради тоа нивниот клуб константно добива казни.

Но на натпреварот со Сасусоло, навивачите испишаа порака со испомешани букви како што можете да приметите на сликата подолу.

Овој пат УЕФА нема причина за да ги казни овие навивачи, но на сите ни е јасно која порака ја испраќаат навивачите на српскиот гигант.

Фотографијата го воодушеви целиот фудбалски свет, и со брзина на светлината се шири по интернет.

Сасусоло ја елиминираше Звезда, па ова беше последна прилика за „Делиите„ да испратат порака до УЕФА, да ја покажат својата креативност и веројатно да не бидат казнети.