Лејкерс го избрка тренерот, Леброн носи негов пријател на клупата (ФОТО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лос Анџелес Лејкерс имаше навистина лоша сезона, иако добро ја почнаа, па најнова „жртва“ е тренерот Лук Волтон, кој доби отказ.

Лејкерс објави дека тие се договориле да го раскинат договорот, иако Волтон немал никаква причина да бара состанок. Сепак, на истиот немало многу објаснувања, туку резултатите доволно зборувале.

„Му се заблагодаруваме на Лук за службата во претходните три години. Му посакуваме успех во иднина“, пишува во соопштението на клубот од Лос Анџелес.

Веднаш во медиумите се огласи и Волтон, кој исто така се заблагодари за шансата од управата.

„Сакам да се заблагодарам на сопствениците на Лејкерс, кои ми дадоа шанса да го предводеам Лејкерс. Оваа франшиза засекогаш ќе има место во моето срце“, кажа Волтон.

Како нов тренер на Лејкерс се споменува големиот пријател и поранешен тренер на Леброн Џејмс, Тајрон Лу, со кој соработуваа во Кливленд Кавалирс.