Потпишан Меморандум: Наскоро ќе гледаме ЕП или СП на Балканот!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Грција, Романија, Бугарија и Србија денеска потпишаа Меморандум, преку кој би можеле да поднесат кандидатура за организација на Европското првенство во 2028 или Светското првенство во 2030 година.

Состанокот одржан во Солун, а иницијалниот комитет го составуваат по четири претставници од секоја земја, односно министри за спорт и нивни заменици.

Како што стојат работите, тие ќе имаат заседание двапати годишно или кога ќе има потреба. Претседателството ќе се менува, односно ќе се ротира во секоја држава.

Евро 2020 ќе биде одржан ширум Европа во 10 различни градови, додека Катар е домаќин на наредното СП во 2022 година.

Евро 2024 ќе се игра во Германија, а Мундијалот во 2026 ќе го организираат САД, Канада и Мексико.