Елмас може да замине од Турција, но само за – астрономска сума!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас одигра одличен меч против Галатасарај во турската Суперлига и беше стрелец на единствениот погодок за Фенербахче во ремито (1-1).

Елмас синоќа го следеа голем број скаути од трибините, меѓу кои беа и тие на Тотенхем, Лацио, Фиорентина, Олимпик Марсеј и уште неколку други.

Веќе долго време се шпекулира дека Елмас ќе си замине од турската екипа, а исто така беа испратени неколку понуди до Фенербахче, кои беа одбиени.

Сепак, тешко може да го задржат македонскиот фудбалер во нивните редови бидејќи голема борба на гигантите за потписот на Елмас се очекува на лето.

„Елмас би вредел 150 милиони евра според нас“, пишуваат навивачите на Твитер.

Секако, тоа е преголема сума, но нема сомнеж дека Фенербахче ќе заработи многу пари од неговиот трансфер.