Адетокумпо буквално „полета“ и имаше страшно забивање! (ВИДЕО)

Милвоки Бакс успешно го почна настапот во плејофот на НБА-лигата, откако славеше против Детроит пистонс со 121-86, па покажаа дека се голем фаворит за наредното коло.

Еден од најдобрите кошаркари на Милвоки, Јанис Адетокумпо во првото полувреме постигна 14 поени и десет скокови, па така се запиша во историјата на клубот како трет кошаркар на кој му успеало такво нешто.

Адетокумпо продолжи со одличната игра и во второто полувреме, па на крајот заврши со 24 поени и 17 скокови, иако на теренот помина речиси 24 минути.

Сепак, во центар на внимание беше еден негов потег, кој ги воодушеви фановите во салата, а тоа е неговото неверојатно забивање и тоа речиси од линијата за слободни фрлања.

Advertisements