Салах ја објасни необичната прослава против Челси (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах испрати вистински проектил во мрежата на Челси во дербито на 34. коло од Премиерлигата, кое го добија „црвените“ со 2-0 на „Енфилд“.

Салах во 53. минута испрати вистинска „бомба“ кон голот на Кепа Аризабалага, кој немаше никакви шанси да го одбрани неговиот удар.

Навивачите на „Енфилд“ збеснаа од радост, а Египќанецот на интересен начин го прослави голот, а многумина ги интересираше каква позадина стои зад неговата прослава.

„Не знам, тоа ми падна прво на памет, зашто вежбам јога“, вели Салах.

Ливерпул во среда го игра реваншот во Лигата на шампиони против Порто, а наредниот викенд во Премиерлигата му гостува на Кардиф.