Сан Антонио доведува нов Аргентинец


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Сан Антонио Спарси, Грег Попович со годинини наназад ја опремува НБА лигата со играчи од Јужна Америка и Европа. И тој рецепт на Грег дава прилично добри резултати.

Кога се во прашање играчи од Аргентина, Спарси имаат добра историја. Жив пример е Џинобили кој веќе е и легенда на Спарси, а добра трага во Спарси остави и Фабрисио Оберто.

Сега дојде време за уште еден аргентинец во Спарси, како што наводно не известуваат медиумите од САД.

Станува збор за плејмејкерот Николас Лапровитоли кој има 26 години и игра во Естудејантес во Шпанската лига и има договор до јуни 2017 година.

Ова момче одигра одлични партии на ОИ, од тогаш па наваму тој е на мета на гигантот од НБА.

Лапровитоли минатата сезона постигнуваше по 13,8 поени и 4.4 скокови по натпревар.