Од Баерн потврдија: Почнаа медицинските прегледи за долго очекуваниот трансфер…?!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


 

Ова 23-годишно момче игра фантастично, беше само прашање на време кога ќе го преземе некој подобар клуб, а најмногу се споменуваше Баерн Минхен. На крајот токму и тие го добија.

Како што пренесува „Кикер“, Баерн веќе закажа лекарски прегледи за да го донесе ова момче во своите редови веќе следната сезона.

Павар е фудбалер кој може да игра на позицијата стопер и десен бек, што во потполност им одговара на Баварците.

Проблемот на Баерн е важечкиот договор на Павар и Штутгарт, па ќе мораат да платат нешто повеќе на име на обештета. Екипата од Минхен најверојатно ќе плати околу 40 милиони евра.

Освојувачот на СП така ќе го промени клубот по три сезони минати во Штутгат.