Хулигани тргнаа да линчуваат провокатор во Бугарија: Се обидоа да влезат во теренот, еден пропадна низ тунелот (ВИДЕО)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Фудбалерите на Лудогорец во дербито од бугарскиот шампионат го победија Левски со 2-0, а мечот го одбележа жесток инцидент, кој се случи во самиот финиш на натпреварот.

Кузмин Моци, кој настапува за Лудогорец, постигна гол во финишот од пенал за 2-0, а потоа отиде во насока на трибината, каде што се наоѓаа најверните навивачи на Левски, ги рашири рацете и го прослави голот.

Оваа провокација ги налути навивачите, но и фудбалерите на домашниот тим, по што следуваше хаос на теренот.

Хулиганите се обидоа да втрчаат на теренот за да се пресметаат со фудбалерот на Лудогорец, а еден од нив пропадна низ тунелот.