Тепачка во базен: Тренер со две нозе му скокна во глава на ватерполист! (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шокантно видео пристигнува од еден ватерполо натпревар од Русија, односно од аматерската лига во Москва.

На натпреварот се случи жестока тепачка во базенот, а прв го почна тренерот на една од екипите.

Најпрво се создаде вербална пресметка меѓу тренерот и ватерполистот на противничкиот тим.

Тие двајца си испратија неколку „сочни“ пцовки по што ватерполистот се обиде со топка да го удри тренерот, но тој не чекаше долго.

Тренерот со две нозе му скокна во глава на ватерполистот, по што се создаде вистински хаос во базенот.

Еден од соиграчите на нападнатиот ватерполист се приближи до тренерот и му удри бокс во глава, а потоа останатие се обидуваат да ја смират ситуацијата.