Каде ќе заврши Венсан Компани: Дали е се готово со Манчестер Сити..?!

Венсан Компани е легендарен фудбалер на Манчестер Сити, но на крајот на оваа сезона ќе ја заврши својата мисија во клубот, барем што се однесува до играчките денови.

Неговиот договор истекува, а преговори околу неговата соработка со 33-годишниот фудбалер немало.

„Се уште се борам, се обидувам да пронајдам начин да го наговорам тренерот да ме вметне во играта“, истакна Венсан Компани на последното обраќање во медиумите.

Компани е десет години во клубот, истакна неколкупати дека се чувствува како член на семејството и дека така ќе остане и оваа сезона.

„Секое утро се будам мотивиран. Мислам дека имам уште десет години што се однесува со играчката кариера. Нема потреба да се шпекулира што ќе се случи“, истакна тој.

Advertisements