Како би изгледал составот на Реал Мадрид од наредната сезона?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Францускиот стручњак Зинедин Зидан веќе на големо размислува за летниот преоден рок бидејќи го чека огромна работа во Реал Мадрид.

Зидан прифати да се врати во кралскиот клуб, но постави еден јасен услов, односно дека само тој може да носи одлуки за кадарот од играчи за наредната сезона.

Реал го очекува доста напорна работа во наредните неколку месеци, а веќе на големо се шпекулира кој би можело да дојде во клубот, а кој би можело да ги напушти Кралевите на крајот од оваа сезона.

Со мадридскиот клуб се поврзуваат многу фудбалери, а во центарот на вниманието е Еден Азар. Околу Белгиецот би требало да се составува нова екипа која сигурно би била многу подмладена.

Се шпекулира и за доаѓањето на Пол Погба и Килијан Мбапе, додека на листата на засилувања се појавува и дефанзивецот на Вест Хем, Деклан Рајс, кој привлекува внимание на многу големи клубови со својата одлична игра.

Мадридскиот медиум AS, денеска го објави можниот состав на Реал Мадрид кој е заснован на сите шпекулации кои кружат во последно време. Секако, ќе биде многу тешко да ги гледаме Кралевите со овој состав од наредната сезона.